| четврток, 6 декември 2018 |

Родната куќа на Грејс Кели претворена во музеј

Куќата во Филаделфија во која Грејс Кели го минала детството ќе биде претворена во музеј. Нејзиниот син, принцот Алберт II од Монако, вели дека куќата би можела да биде отворена за јавноста најдоцна во 2018 гдина. Минатата година принцот Алберт ја купил куќата за 754.000 американски долари, откако претходниот сопственик починал.

Kukjata-na-Grejs-Keli-vo-Filadelfija

Куќата била изградена во 1935 година од страна на Џон Кели, таткото принцезата на Монако. Таа тука живеела до 1947 година кога заминала во Њујорк да студира актерство. Но, најголемата промена во нејзиниот живот се случува во 1956 год. кога го запознава принцот Рание III од Монако и станува негова сопруга. Тогаш целосно се посветува на улогата на принцеза, сопруга и мајка и се повлекува од актерството засекогаш.

Kukjata-na-Grejs-Keli-enterier

Загинува во сообраќајна несреќа во Монако во 1982 година.

Kukjata-na-Grejs-Keli-enterier1

Kukjata-na-Grejs-Keli-Filadelfija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top