Дел од Мундијалот ќе биде и Македонија, која ќе настапи со седум скијачи, шест во машка и една во женска конкуренција.
Македонија на Мундијалот ќе ја претставуваат тројцата репрезентативци Антонио Ристевски, Воислав Синадиновски и Виктор Петков.
Боите на нашата држава ќе ги бранат Антонио Ристевски во категорија слалом и велеслалом, Лука Божиновски слалом и велеслалом, Дардан Дехари слалом, Воислав Синадиновски слалом, Марјан Нашоку велеслалом и Виктор Петков во категоријата велеслалом во машка конкуренција, како и единствената девојка, Лидија Симјановска, која ќе настапи во слалом и велеслалом. Тимот во Сент Мориц ќе биде предводен од селекторот Иван Лесевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.