| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Светското првенство во скијање

svetsko prvenstvo vo skijanje

Со трката во супервелеслалом во женска конкуренција денеска точно напладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање.

Швајцарскиот ски-центар по петти пат ќе биде организатор на СП. Претходно беше домаќин во 1934, 1948, 1974 и во 2003 година.

На мундијалот ќе настапат 589 скијачи од 76 земји, меѓу нив и Македонија со седум свои претставника.

Проблеми на организаторот му донесоа вчерашните обилни снежни врнежи, кои беа причина да биде откажан тренингот во спуст.

Бранителка на златниот медал во супервелеслалом освоен пред две години на претходното СП е Ана Фајт, порано Фенингер. Австриската скијачка поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на коленото. Со повреди се мачеше и Линдзи Вон која секогаш е фаворит за највисок пласман. Големи шанси за највисок пласман на денешната прва трка од СП им се даваат и на Лара Гут (Швајцарија), Илка Штухец (Словенија) и Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Првата трка во машка конкуренција е закажана за утре од 12 часот за кога е предвидено да се вози супервелеслалом.

Шампионатот ќе трае до 19 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top