Првото полувреме течеше без многу прекини, со многу шанси, а без голови. Во вториот дел од натпреварот Баерн го отвори резултатот преку Манџукиќ, во 60 минута преку асистенцијата на Робен.
Дортмунд достојно и брзо реагираше, па по прекршокот направен за нив, од пенал, Гундоган постигна лесен гол во 68 минута од натпреварот.
Остатокот од натпреварот помина со многу шанси, но последната шанса ја искористи Баерн и постигна гол на минута пред да истече регуларниот дел на натпреварот, а голот го постигна Робен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.