| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот на стока од Македонија бележи пораст од 6,8 проценти

export izvoz

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стока од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 266.650.320,00 денари и бележи пораст од 6,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 376.130.328,00 денари што е за 5,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 109 480 008 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 70,9 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на спроводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top