Германските разузнавачки служби не пронајдоа докази дека Русија води кампања за дезинформација против германската Влада, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
Според пишувањата на весникот, тоа е заклучок до кој дошле експертите на Сојузната разузнавачка служба (БНД) и контраразузнавачката служба (БфВ), по истрагата, која траеше речиси една година.
– Не пронајдовме докази, изјави извор од германската Влада за „Зидојче цајтунг“.
Истрагата е водена по инструкции на германската Влада. Кабинетот на канцеларката сепак им наложи на тајните служби да продолжат со истрагата со цел да се открие потенцијален обид да се влијае врз политичката ситуација во Германија.
Германските власти, со цел да се избегне понатамошно влошување на односите со Москва, нема да го објават извештајот долг 50 страници во кој нема докази дека за руско мешање во германските внатрешни работи.
Истрагата за евентуална операција на Кремљ започнала откако руските медиуми објавија дека германските власти намерно не спровеле соодветна истрага за киднапирање и силување на 13-годишно девојче по потекло од Русија. За случајот изјава даде и рускиот минситер Сергеј Лавров, а подоцна девојчето негираше дека било силувано и киднапраном туку дека доброволно заминала кај својето полнолетно момче азилант.
Сепак во извештајот и покрај тоа што нема докази за руско директно мешање во германската политика и расположение во јавноста, сепак се тврди дека Москва од 2014 година води политика на конфронтација, а нејзините медиуми како „Спутник“ и „Раша Тудеј“ на германски јазик се непријателски настроени кон Германија.
Предходно, во неколку наврати највисоките германски политички претставници предупредија дека во пресрет на септемвриските федерални парламентарни избори Русија се подготвува за прикриени кампањи во кои би се случиле кибер напади на германски институции и би се влијаело на политичките дебати во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.