| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирано адаптираното издание на Прличевата автобиографија од Ѓорго Димоски

Во рамки на Прличевите беседи,  во спомен куќата на Григор Прличев, се изврши промоција на адаптирано издание на Прличевата автобиографија од Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за делото, промоторот проф. д-р Димитар Пандев потенцира дека сите имаме обврска да го негуваме односот кон Прличев и неговите современици, како што тоа овој пат го прави Славе Ѓорго Димоски со својот творечки однос кон делото на Прличев.

p_5

– Однос што од друга страна се пренесувал на генерации ученици во охридската гимназија, но и во македонското образвание вопшто. Да се приближи Прличев до најмладите генерации ученици во рамки на наставата по македонски јазик и литература, но и на современиот македонски читател воопшто, зошто приопштувајќи го Прличев особено неговите две дела и спојувајќи ги во една целина ние ја вклопуваме во препознатлива корица свеста и сознанието на мекдонскиот интелектуалец од 19 век, рече Пандев.

zzz

 

извор Охрид нет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top