Владата ја крие професионалната биографија на директорот на Агенцијата за лекови, Роберт Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и дека „со објавувањето, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“, објави novatv.mk
Еве дел од образложението на Владата зошто сметаат дека бараната информација е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци.
„ Со оглед дека побараната информација претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на ова Решение и постапи согласно член 26 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи : „Имателот на информацијата може во целост или делумно да ro одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став (1), од овој закон (информација која врз основа на закон претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци)“, стои во одговорот од Владата до новатв.
Ова е првпат CV на еден директор да биде личен податок и нешто што не треба да го знае јавноста.
извор: novatv.mk/фото: novatv.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.