| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Златна петорка“ на фестивал во Индија

Филмот е вброен во категоријата „Кино на светот“ и од Балканот, се прикажуваат и филмовите на Емир Кустурица, Рајко Грлиќ и Лазар Ристовски. Инаку, ова е учество на 5-ти меѓународен фестивал на кој учествува филмот

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, а во продукција на Револушн, од 4 до 9 февруари се прикажува на фестивал во индискиот град Бангалор.

„Златна петорка“ е единствен македонски филм кој е влезен во селекцијата на овој голем индиски фестивал кој се одржува во шестмилионскиот град Бангалор.

Филмот е вброен во категоријата „Кино на светот“ и од Балканот се прикажуваат и филмовите на Емир Кустурица, Рајко Грлиќ и Лазар Ристовски. Инаку, ова е петтиот меѓународен фестивал на кој учествува филмот.

Во следниот период филмот ќе се прикажува и во Русија, САД, Германија, Франција и во други држави, а до крајот на годинава се очекува да биде прикажан на сите континенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top