Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, тврди дека и натаму има голема поддршка од своите играчи.
Лестер минатата сезона беше шампион на Англија, а оваа се бори за опстанок во лигата. Но, Раниери и натаму ја има довербата од сите во клубот.
– Новинарите прашуваат за фудбалерите, дали се задоволни. Може да ви кажам дека многу се задоволни. Заедно сме, имам огромна доверба во нив, а тие во мене. Никогаш нема да се откажеме иако мора да се признае дека во моментов самодовербата не ни е на највисоко ниво – вели Раниери.
– Минатата сезона беше одлична, а сега мора да се бориме. Но, ние сме Лестер и ќе се бориме до крај – дополнува искусниот стратег.
Лестер изминатиот викенд го запиша, во дуелот со Јунајтед, и четвртиот едноподруго пораз во Премиер-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
Фудбалери се обидоа да линчуваат судија (Видео)