| четврток, 6 декември 2018 |

Прешернова вечер во Паркот на книгите

Во рамките на одбележувањето на Денот на словенечката култура, во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 8.февруари 2017 година во 18,30 часот  ќе се одржи Прешернова вечер.

За делото на големиот словенечки писател беседа ќе одржи проф.д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Сковенија во Република Македонија, а стихови на македонски и словенечки ќе читаат членови на Друштвото за македонско-словенечко пријателство од Скопје.

По овој повод ќе биде отворена и изложба на слики на тема  „Липицанери“ од Аленка Славинец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top