Цените на нафтата се стабилизираа во понеделник близу нивото од 57 американски долари, бидејќи намаленото производство на членките на ОПЕК и засилената тензија во односите меѓу САД и Иран, ја зголемија загриженоста заради зголеменото американско производство.
На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,86 долари. Значителни промени денеска немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 53,98 долари.
Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петок изнесувала 54,24 долари, што значи дека пораснала за 31 цент во однос на претходниот трговски ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.