Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската Амбасада во Вашингтон по дипломатски пат побара став од Стејт Департментот на САД за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер изнесени во интервју за „Визион Плус“ од Тирана.
– Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од МНР.
Изразуваат уверување дека Стејт департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот.
Американскиот конгресмен Дана Рорабакер во интервјуто за „Визион Плус“ меѓу другото рече дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле создадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.