| четврток, 6 декември 2018 |

Граници низ светот: Шест ѕидови за кои можеби не сте слушнале

Новиот американски претседател Доналд Трамп е одлучен во намерата да изгради ѕид на границата со Мексико, а ние ви претставуваме шест помалку познати гранични ѕидови кои раздвојуваат народи, култури, религии…

Граничните ѕидови се интегрален дел од меѓународните односи во текот на целата историја. Да се сетиме само на Големиот кинески ѕид кој е изграден да ги спречи номадите Монголи. Ѕидовите меѓу Северна и Јужна Кореја преживеаја до ден денес како физички остаток од Студената војна кој симболично заврши со падот на уште еден ѕид – Берлинскиот.

Ви претставуваме шест ѕидови граници, за кои можеби не сте знаеле дека постојат:

1. Шпанија и Мароко
Мелиља и Сеута се два најјужни шпански градови на африканско тло, а во двата града ѕидовите ги спречуваат африканските мигранти да влезат во Европската унија.

Шпанската контрола на овие два града се одвива стотици години наназад. Но во 1995 година Шпанија изградила прва модерна ограда со одредена цел да се спречи излезот на имигрантите.

2. Египет и појасот Газа
Египет изгради масивен метален ѕид висок 18 метри и долг 10 до 11 километри долж својата граница со појасот Газа, поради национална безбедност и да се спречи шверцот преку подземните тунели на таа палестинска територија.

3. Израел и Западниот брег
Израелската безбедносна ограда е ѕид кој ги раздвојува Израел и Западниот брег, а со изградбата почна за да го спречи упадот на Палестинците на израелска територија.

4. Кипар
Ѕидот ја одвојува северната турска страна од грчката јужна страна, а двете земји и понатаму полагаат право на островот и неговата земја.

5. Малезија и Тајланд
И Малезија и Тајланд изградиле два одвоени ѕида во 1970-тите години за да го намалат шверцот и да ги задржат комунистичките герилци да влезат во Малезија преку Тајланд. Меѓутоа, просторот меѓу двата ѕида станал место за шверцери, а овие две земји во 2001 година се договориле двата ѕида да ги заменат со еден.

6. Белфаст
За да се спречи евентуалното насилство во судирите на католиците и протестантите, пред околу 40 години бил изграден првиот од дури 99 ѕидови во Белфаст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top