| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ќе бара „допирни точки“ со Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе бара „допирни точки“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „каде и да е можно тоа” и покрај несогласувањата по миграциската забрана на Трамп, јави БТА.

– Ќе се обидеме да најдеме „допирни точки“ насекаде каде што е можно, изјави Меркел пред новинарите на политичкиот форум во Минхен.

Германската канцеларка ја истакна важноста на НАТО и ја призна потребата на Германија да работи повеќе во областа на одбраната.

– Ќе ги разгледаме едно по едно прашањата по кои можеме да се координираме и по кои имаме различни погледи. Во интерес на Германија е да се зајакнат согласувањата по прашањата за кои веќе се согласуваме, забележа Меркел.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top