| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер ја погоди Колумбија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Колумбија, вклучително и главниот град Богота.

Засега нема информации за жртви и материјални штети.

Колумбиската геофизичка служба соопшти дека земјотресот се случил утринава на пет километри југоисточно од општината Колумбија во департментот Хуила.

– До моментов нема податоци за штети, напиша на Твитер колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, повикувајќи се на податоците од Националната служба за управување со ризикот од катастрофи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top