20 000 туристи од земјите на Бенелукс и 2000 од Австрија се очекува летово да допатуваат во Охрид. Повеќе туристи балканскиот Ерусалим чека и од Балканот, но и од земјава.
Како што јави Сител, туристичката сезона во Охрид почна уште во април, но првичните податоци покажуваат дека Охрид ќе има ист број на посетители како и минатата година, бројот на ноќевања треба да расте на ниво на целата држава.
Во последниве години драстично е зголемен бројот на туристи од странство. Сепак од здужението на угостители и туризам велат дека, сеуште не може да се постигне онаа бројка од деведесетите години- кога Македонија ја посетувале до еден милион туристи годишно. Ако се подобри инфратсруктурата очекуваат да порасне и бројот на посетители.
Тие побараа данокот во хотелските објекти да не биде поголем од 10 проценти . Од Хотам пак велат дека треба да се намали данокот на храната во рестораните. Со тоа ќе се зголеми обртот на работа и потребата од нови работници. На листата на туристички дестинации Макеоднија се наоѓа на 147 место, извести Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.