Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, во четврток доаѓа во Република Македонија, во време кога во земјата се водат разговори за формирање на Влада по парламентарните избори на 11 декември минатата година.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од канцеларијата на Хан потврдија дека еврокомесарот ќе биде во Скопје на 9-ти овој месец за да учествува на министерскиот состанок посветен на енергетиката во рамки на процесот „Шест западно-балкански држави“.
– На агендата на комесарот Хан е да дојде во Скопје в четврток. Тој ќе учествува на министерскиот состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика (економија) во рамки на процесот “Шест западнобалкански змеји“. На маргините на овој состанок ќе има билатерални средби со сите засегнати страни во земјата, соопштија од кабинетот на Хан. Пристигнувањето на Хан во Македонија доаѓа во период кога во земјата се водат разговори за формирање на влада, па не е исклучено првиот човек за проширување на ЕУ да се обиде да помогне во овој дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)