Стан од 225 квадратни метри во Општина Центар во февруари лани беше продаден за 425.000 евра и тоа е продажба со највисок износ евидентиран во Регистарот на цени и закупи на Агенцијата за катастар на недвижности.
Највисока регистрирана трансакција минатата година била за станбена зграда со површина од 6.397 квадратни метри во Општина Сопиште, која во јуни лани беше продадена за 1.703.434 евра. Најмалата цена достигната за продажба на стан е евидентирана во септември во Штип, каде што стан од 72 квадратни метри е продаден за 2.000 евра.
Според податоците што ги објави Катастарот, највисоката регистрирана купопродажба лани била трансакција во износ од 4.130.000 евра со деловен простор со површина од 7.611 метри квадратни во реонот кај Универзална сала во Општина Центар.
Просечната годишна цена за стан од 73 квадратни метри на ниво на Македонија изнесува 2.633.329 денари.
Гледано по општини, просечната годишна цена на квадратен метар станбен простор во Центар изнесува 56.822 денари, или околу 920 евра, во Карпош 54.369 денари, или околу 880 евра, во Аеродром 51.263 денари или околу 830 евра, во Кисела Вода 48.138 денари или околу 780 евра, во Ѓорче Петров 42.035 денари или околу 680 евра, во Чаир 27.551 денар или околу 450 евра.
извор: скопје инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.