| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета слави 65 години на тронот

eli
Британската кралица Елизабета Втора (90), актуелниот суверен владател со најдолг стаж во светот, денеска ќе го прослави „сафирниот јубилеј“ и на тој начин ќе стане првиот британски монарх што обележил 65 години владеење со Обединетото Кралство, пишуваат медиумите.

Елизабета го наследи тронот на 25-годишна возраст, на 6 фебруари 1952 година, денот кога почина нејзиниот татко Крал Џорџ VI.
По повод прославата, канцеларијата на британската кралица го објави нејзиниот портрет од 2014 година, на кој кралицата е прикажана како носи сафирен накит кој го добила од својот татко како подарок за венчавката во 1947 година.
Кралицата, меѓутоа, најверојатно, денот ќе го помине зад затворени врати на својот имот во Сендрингам, Норфлок.
По повод одбележувањето на јубилејот, ќе бидат испалени 41 плутони во Грин паркот во Лондон, како и 62 плутони од Лондон Тауер.
Кралицата сè поретко се појавува во јавноста, а заради болеста таа не присуствуваше на божикната и новогодишната богослужба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top