Актуелниот шампион Лестер, вчера беше убедливо поразен од Манчестер јунајтед (0-3) и екипата на Клаудио Раниери сега се наоѓа на само еден бод од зоната на испаѓање, после 24 одиграни натпревари.
Стратегот на „лисиците“ е загрижен поради овој пораз и верува дека тимот ќе ја подобри својата ефикасност…
– Мораме да постигнуваме многу повеќе погодоци, не смееме да се откажеме. Сега е најважно да веруваме во нашите играчи. Минатата сезона се изгледаше неверојатно, играчите ’пукаа’ од самодоверба, а сега ситуацијата е поинаква. Мораме да бидеме како семејство, да сме заедно. Задоволен сум од играчите и мора да се избориме со оваа криза – истакна Раниери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата