| четврток, 6 декември 2018 |

Професор Kарлос Флорес Хуберијас: Во моментов нови избори ви се единствено решение

karlos

Во ситуација како сегашната во Македонија, со недоволна прецизност во членот 90 од Уставот на РМ, кога лидерот на СДСМ уште нема докажано – преку формален договор со пратеници дека може да обезбеди парламентарно мнозинство, нови избори се единствено решение, вели за Дневник професорот по Уставно право на Универзитетот во Валенсија, Kарлос Флорес Хуберијас.

Според професорот, Заев не може да го добие мандатот ако не понуди формален договор во кој ќе биде очигледно дека мнозинството пратеници се обезбедени.

– Топката во моментов не е во рацете на Никола Груевски или Ѓорге Иванов, туку во рацете на Зоран Заев. За мене е очигледно дека без јасна, недвосмислена и совршено формализирана рамка – договор за коалиција, туку само едноставна „подготвеност да се разговара“, која значи сомнеж во доволното мнозинство во Собранието, барањето на мандатот од претседателот нема никаква уставна основа. Член 90, кој „молчи“ за некои клучни аспекти на процесот, сепак е доволно јасен дека за да се добие мандатот, кандидатот мора да има мнозинство во Собранието. Зоран Заев досега го нема. Дали ќе го има во следните часови или денови? Дали некој друг има таква шанса? Ако одговорот е не, нови избори се единствениот излез, вели Хуберијас.

Професорот направил анализа на сите прецизности и нејаснотии во членот 90, пoради кои според него, единствениот излез се нови избори. Во основа, вели тој, постојат два јаза во него.

– Првиот се однесува на значењето на изразот „партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“. Мандатот за формирање влада што го доби лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски очигледно се темелеше на тезата дека е доволно да се има просто мнозинство, за да се добие мандатот од претседателот, дури и покрај тоа што мнозинството потребно за ефективно назначувањето е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Јас лично верувам дека истото ова размислување ќе му овозможи на лидерот на СДСМ Зоран Заев да го добие мандатот од претседателот на државата, но само кога тој ќе му го докаже тоа на шефот на државата, со приложување формален договор за коалиција со други политички сили, со што ќе го увери дека има парламентарно мнозинство или поголемо во споредба со тоа на Груевски, објаснува Хуберијас.

Вториот јаз го лоцира во недостигот од прецизно уредување на тоа што се случува кога предложениот кандидат не успева да формира влада, односно колку време претседателот треба да чека за да сфати дека е невозможно да се формира влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top