Актерот се пожалил дека не може да ги запамети и распознае луѓето што ги запознал и дека има во план да се тестира дали боледува од болест на мозокот позната како прозопагнозија.
Во интервју за Esquire Бред Пит се пожали дека не ги памети лицата на луѓето кои ги запознава. Поради тоа луѓето сметаат дека се правам важен, дека сум вообразан, и ме мразат – вели актерот.
Тој се сомнева дека боледува од болест на мозокот која му пречи да ги препознава лицата на познатите – прозопагнозија, и најави дека ќе се тестира.
Марлин Берман од „Carnegie Mellon University “ чија специјалност е токму оваа болест се пријави лично да го испита Пит дали навистина боледува од прозопагнозија. Карнеги Мелон е едно од ретките места во светот каде може да се направи таков тест – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Подарен ми е рак: Почина болниот милионер кој го продаде богатството за да им помогне на сиромашните
-
Новата девојка на Бред Пит од него е помлада 32 години: Но тоа не е единственото што ќе ве шокира!