Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги напушта преговорите со комунистичките бунтовници кои беа водени со цел да се стави крај на повеќедецениските судири.
Бунтовниците во почетокот на оваа недела еднострано пролгасија прекин на примирјето, а два дена подоцна владините сили го осудија прекинот на огнот.
Дутерте, кој ослободи повеќе бунтовници на почетокот на мировните преговори е незадоволен од одлуката на комунистичките бунтовници.
– Им кажав на војниците да се подготоват за долга војна. Им реков дека мирот долго нема да го почувстуваат – изјави Дутерте.
Овие борби траат 50 години.
– Ако сакате да ги продолжите борбите уште 50 години, нема проблем – додал претседателот на Филипините.
Бунтовниците се борат против режимот од 1968 година. Досега загинале 30 илјади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.