Непознат сторител украл 410 евра и накит вчера од стан на ул.„Козле“ во Скопје.
– Крадецот влегол во станот, сопственост на Н.Д. (70), со насилно отворање на прозорецот. Одзел 410 евра и накит и го напуштил местото стекнувајќи се се противправна имотна корист од околу 60.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Се работи на откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.