Ана Бакран (34) од Загреб тргнала на своето епско патување и со автотоп поминала 44 илјади километри за три години и осум месеци и била во повеќе од 25 земји.
Ана патувала со автомобили, рибарски бродови, хеликоптер, камион, мотоцикли, траекти, едрилици, дури и со запрежни коли. Патувањето било полно со опасности, а по патот низ светот се движела благодарејќи на љубезноста на странците.
Во 2013 година таа го напуштила работното место дигитален маркетинг експерт и решила да патува.
– Спиев по паркови, плажи, бензински пумпи, џамии и храмови, евтини мотели и во куќи – изјави Ана.
За време на патувањето запознала 63 сирачиња на Тајалнд и престојувала на јахтата на еден милионер.
– Имаше неколку случаи во кои требаше да платам за возењето Граничната полиција во Туркменистан и Кина не ме пушташе да пешачам меѓу два контролни пункта за да влезам во земјата и морав да платам за да ја минам границата – објасни таа.
Имало и инциденти, но тоа не ја обесхрабрило и продолжила да стопира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.