| четврток, 6 декември 2018 |

Градската куќа доби неокласична фасада: Се изведува пристапната улица од страна на реката Вардар

Градската куќа ја доби својата бела неокласична фасада, а во текот на 2017 година ќе се работи на ентериерно уредување на идните административни простории на Градот Скопје.

Периодов градежните работи се сконцентрирани на довршување на фасадата, на која треба да се постави неизбежното осветлување како и во случаите на секој друг објект од проектот „Скопје 2014“. Градежниците работат и на сообраќајниот приод кон објектот, така што во моментов се изведува пристапната улица од страна на реката Вардар.

„Неокласичното“ здание е високо 21 метар, со шест надземни и три подземни нивоа. Градбата ќе треба да прими 650 административци и да обезбеди подземен паркинг за 170 возила. Автори на проектот за овој објект се архитектите Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „КАД Биро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top