Тениската репрезентација на Србија има предност од 2-0 против Русија по првиот ден од натпреварите во првото коло од светската група во Дејвис купот.
Новак Ѓоковиќ во вториот денешен меч беше подобар од Данил Медведев, откако Русинот го предаде мечот при резултат од 2-1 во сетови за Ѓоковиќ. Медведев го доби првиот сет со 3-6, но следните два ги доби Србинот со 6-4,6-1, по што Медведев го предаде мечот.
Претходно, во првиот меч Виктор Троицки беше подобар од Качанов, победувајќи во пет сета со 6-4,6-7,6-3,1-6,7-6.
Денеска на програмата е дуелот во двојки, а во недела се играат преостанатите два натпревари во поединечна конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.