| четврток, 6 декември 2018 |

Манирите на паркинг-службите: Можно ли е вакво нешто и во Скопје? (фото)

Студентка во Белград, Србија, во теснец со време напшишала порака на автомобилот и заминала на испит.

„Ќе задоцнам половина час, Ве молам не ми пишете казнува, на колоквиум сум. Благодарам“.

pola

Кога се вратила, ја затекнало сино ливче на кое се пишуваат казните за паркирање. Иако мислела дека се работи за казна и покрај молбата, сфатила дека добила порака која и го разубавела денот.

„Се надевам дека си го положила :)“

CzymTQ0WIAAq_rA

Во Белград, како и во Скопје, неколку поголеми факултети се наоѓаат среде град, каде е прва зона за паркирање, каде платениот паркинг важи само еден час и не може да се продолжи, па и за разбирање е дека и бил потребен тој половина час.

Прашање е дали вакво нешто може да се доживее и во Скопје, од различни причини, но и дали вработените во паркинг службите би биле пофалени или казнети по ваква објава?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top