| четврток, 6 декември 2018 |

По 10 години од трагедијата која Балканот го зави во црно – Гоца Тржан објави невидена фотографија со Тоше!

goca

Поп-пејачката Гоца Тржан ги разнежи фановите и следбениците на Инстаграм откако објави фотографија со покојниот колега Тоше Проески.

Гоца и Тоше во 2001 година ја снимија дуетската песна „1200 милји“, која за кратко време стана голем хит, а се слуша и сега.

Фотографијата која пејачката ја објави настанала токму за време на снимањето на спотот за оваа песна, а другарката на Гоца ја сочувала како спомен.

goca2

– Мојата другарка Сенка ја чува оваа фотографија уште од оние времиња. Фотографирано на снимањето на дуетот за „1200 милји“. Сенка, мојот драг Тоше и јас – напишала Гоца во опис на фотографијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top