| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол да врати долг, а тој пукал во него: Родителите на одмор дознале дека останале без синот!

Веста за смртта на синот, родителите на убиениот Марио Тртиќ (28), венчан кум на пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ, ги дочекала додека биле на летување на Хвар.

Марио завчера беше убиен кога отишол во куќата на Митар Вуковиќ (66), некогашен соработник на неговиот татко, како би му вратил дел од семејниот долг. Што се случило во дворот засега не е познато, но извесно е дека Вуковиќ пукал во Марио, убивајќи го на лице место, а потоа се убил и самиот.

Дека се случило злосторство полицијата открила откако сестрата на Марио го пријавила неговото исчезнување, бидејќи, како што раскажала, околу 11 часот со мопед отишол од дома и не се враќал, а не се ни јавувал ни на телефон.

Полицијата решила да се провози по селото, а потоа го воочила неговиот мопед пред куќата на Вуковиќ. Кога полицајците влегле во дворот, здогледале морничава слика, крв и две безживотни тела на терасата.

Родителите на убиениот Марио веднаш се информирани за злосторството и тие ведаш се вратиле во селото Ѓурѓево каде имаат семејна куќа, каде што се случило и злосторството.

Родителите на Марио се скршени од болка и не се способони да зборуваат за медиумите.

Со нив е и сопругата на убиеното момче со која се венча на почетокот на годинава. На свадбата им кумувале Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top