| четврток, 6 декември 2018 |

Југоисточна Европа беше препуштена на Сорос

„Зо­што ток­му Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е на удар?“ и „Зо­што ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма би се за­ни­ма­ва­ла со ед­на ма­ла зем­ја ка­ко Ма­ке­до­ни­ја?“ беа нај­че­сто по­ста­ву­ва­ни­те пра­ша­ња во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни. На пра­ша­ње­то за Ма­ке­до­ни­ја се на­до­вр­за и она за Ун­га­ри­ја, ко­ја тр­пе­ше ре­чи­си по­дед­на­кво ист, но не тол­ку вал­кан удар ка­ко што бе­ше во Ма­ке­до­ни­ја

Никола Србов

Никола Србов

Под удар не беа Ма­ке­до­ни­ја и Ун­га­ри­ја, под удар бе­ше це­ли­от ре­ги­он од стра­на на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма кон­та­ми­ни­ра­на со гле­ди­шта­та на Хи­ла­ри Клин­тон и на фи­нан­си­е­рот Џорџ Со­рос. Ма­ке­до­ни­ја и Ун­га­ри­ја беа на удар би­деј­ќи по­ли­ти­ка­та на вла­ди­те во овие две зем­ји го др­же­ше ре­ги­о­нот ста­би­лен.

Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и Ун­га­ри­ја се по­чет­на­та и крај­на­та точ­ка на атра­ктив­на­та „бал­кан­ска ру­та“ ко­ја ја ко­ри­стат еми­гран­ти­те од Бли­ски­от Исток. До­кол­ку ја изо­ста­ви­ме Гр­ци­ја, ко­ја е член­ка на Европ­ска­та уни­ја, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е по­чет­на­та точ­ка на „бал­кан­ска­та ру­та“ и во­оп­што на европ­ски­от кон­ти­нент, до­де­ка Ун­га­ри­ја е пос­лед­на­та точ­ка на „бал­кан­ска­та ру­та“ и по­чет­на точ­ка кон за­пад­на Евро­па. Про­сто­рот по­ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Ун­га­ри­ја или ре­чи­си це­ли­от Бал­кан за­ви­си од по­ли­ти­ка­та на овие две др­жа­ви.

Ин­те­рес­но е пра­ша­ње­то зо­што еми­гран­ти­те не се пре­на­со­чу­ваа пре­ку Ал­ба­ни­ја, зо­што ток­му пре­ку Ма­ке­до­ни­ја? Ве­ќе е јас­но де­ка Еди Ра­ма е во од­лич­на ре­ла­ци­ја со Џорџ Со­рос пре­ку по­ра­неш­на­та со­пру­га Де­ли­на Фи­цо, ко­ја во на­ред­ни­те пет го­ди­ни ќе де­ли 9,5 ми­ли­о­ни евра од фон­дот на УСА­ИД на­ме­не­ти за нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции во Ма­ке­до­ни­ја кои се под ка­па­та на Со­рос. Тре­ба да се од­го­во­ри и на пра­ша­ње­то зо­што во Ал­ба­ни­ја не беа јав­но об­ја­ву­ва­ни прис­лу­шу­ва­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри ка­ко што се на­пра­ви во Ма­ке­до­ни­ја? Ако прет­по­ста­ви­ме де­ка раз­го­во­ри­те не би­ле пу­шта­ни за­ра­ди до­бри­те ре­ла­ции по­ме­ѓу Со­рос и Ра­ма, то­гаш се отво­ра дру­го пра­ша­ње, да­ли Џорџ Со­рос од­лу­чу­ва во ко­ја др­жа­ва ќе се об­ја­ву­ва­ат или не­ма да се об­ја­ву­ва­ат не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри? До­кол­ку Џорџ Со­рос по­се­ду­ва моќ да од­лу­чу­ва за та­кви круп­ни пра­ша­ња, то­гаш не­из­бе­жен е зак­лу­чо­кот де­ка Со­рос е ди­рект­но вме­шан во прис­лу­шу­ва­ње­то во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Во но­ем­ври 2014 го­ди­на, нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции ка­ко „Ме­та­мор­фо­зис“, „Мла­дин­ски цен­тар за европ­ско обра­зо­ва­ние“, „Мла­дин­ски обра­зо­вен фо­рум“ и дру­ги, си­те под ка­па­та на фон­да­ци­ја­та на Со­рос, „Отво­ре­но оп­штес­тво“, ги поч­наа сту­дент­ски­те про­те­сти. Овие про­те­сти беа по­че­ток на ве­штач­ки искре­и­ра­на­та по­ли­тич­ка кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Во 2014 го­ди­на, не­по­сред­но пред из­бо­ри­те, „Ме­та­мор­фо­зис“ од фон­да­ци­ја­та „Отво­ре­но оп­штес­тво“ до­би­ла фи­нан­си­ски средс­тва во ви­си­на од 11.640.042 де­на­ри, до­де­ка пред по­че­то­кот на про­те­сти­те во оваа ор­га­ни­за­ци­ја би­ле до­ле­а­ни 1.799.890 де­на­ри, „Мла­дин­ски­от цен­тар за европ­ско обра­зо­ва­ние“ во 2014 го­ди­на до­бил 2.531.575 де­на­ри, а не­по­сред­но пред про­те­сти­те би­ле до­ле­а­ни уште 782.775 де­на­ри, до­де­ка МОФ пред про­те­сти­те до­бил 130.288 де­на­ри, но пред из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на им би­ле пре­фр­ле­ни 4.166.788 де­на­ри. Ва­ка до­бро исп­ла­те­ни­те „нев­ла­ди­ни“ ор­га­ни­за­ции, под пла­штот де­ка се бо­рат за сту­дент­ски пра­ва, поч­наа со кам­па­ња ко­ја тре­ба­ше да ге­не­ри­ра не­за­до­волс­тво кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја во др­жа­ва­та. Пре­ку соз­да­де­ни­от т.н. сту­дент­ски пле­нум, мла­ди­те лу­ѓе кои беа ре­гру­ти­ра­ни од МОФ се рас­пре­де­ли­ја низ раз­ни нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции во др­жа­ва­та. Актив­но­сти­те на овие ор­га­ни­за­ции се све­ду­ва­ат на обу­чу­ва­ње мла­ди лу­ѓе ка­ко да пот­тик­ну­ва­ат акти­ви­зам во сво­и­те сре­ди­ни и ка­ко да по­ста­пу­ва­ат при го­ле­ми про­те­сти. И ед­на од дол­го­роч­ни­те це­ли е ин­фил­три­ра­ње мла­ди Ал­бан­ци во СДСМ кои пос­лу­жи­ја ка­ко да­ден сиг­нал за ал­бан­ски­те гла­со­ви кои се вле­а­ја во оваа пар­ти­ја, тоа бе­ше нај­а­ве­но со за­бра­на­та за истак­ну­ва­ње на др­жав­но­то зна­ме на про­те­сти­те кои ги ор­га­ни­зи­ра­ше „Сту­дент­ски­от пле­нум“.

Мре­жа­та на овие нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции во да­ден мо­мент син­хро­ни­зи­ра­но ги пре­на­со­чу­ва сво­ја­та актив­ност и це­ли за кои по­сто­јат. Во екот на ми­грант­ска­та кри­за на ма­ке­дон­ско-грч­ка­та гра­ни­ца акти­ви­сти­те на овие нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции де­леа ле­то­ци по­ме­ѓу еми­гран­ти­те во кои де­тал­но им по­со­чу­ваа ка­ко иле­гал­но да ја пре­ми­нат гра­ни­ца­та и ка­ко да се дви­жат низ Ма­ке­до­ни­ја, при­тоа Ал­ба­ни­ја бе­ше изо­ста­ве­на од апе­ли­те на нев­ла­ди­ни­те.

Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја ги ко­ри­сти еми­гран­ти­те ка­ко нај­сил­но оруж­је за при­ти­сок врз Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја пре­ку кои гле­да мож­ност да ја уце­ну­ва вла­да­та во од­нос на спо­рот со име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

За ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма и Хи­ла­ри Клин­тон, Ал­ба­ни­ја со Еди Ра­ма, Гр­ци­ја и СДСМ, за­ед­нич­ки име­ни­тел е Џорџ Со­рос.

Це­ли­от план за ури­ва­ње на Ни­ко­ла Гру­ев­ски е со цел да се про­ме­ни име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја по што би сле­де­ло имп­ле­мен­ти­ра­ње на пла­тфор­ма­та ко­ја ја про­мо­ви­раа ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии во Ма­ке­до­ни­ја, а им ја со­ста­ви при­ја­те­лот на Џорџ Со­рос, Еди Ра­ма. Зна­еј­ќи ги ба­ра­ња­та од пла­тфор­ма­та, про­ме­на­та на име­то со се­бе ќе пов­ле­че и про­ме­на на си­те сим­бо­ли на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а исти­те од Ма­ке­до­ни­ја ќе на­пра­ват др­жа­ва во ко­ја жи­ве­ат гра­ѓа­ни. Тој тол­ку спом­ну­ван тер­мин „гра­ѓа­ни“ од стра­на на опо­зи­ци­ја­та и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции си има сво­ја цел, на си­те нам тре­ба да ни вле­зе во гла­ва­та де­ка ние сме гра­ѓа­ни и ни­што дру­го, де­ка не сме Ма­ке­дон­ци, ту­ку гра­ѓа­ни кои се дел од ед­но „отво­ре­но оп­штес­тво“ во кое не­ма ме­сто за иден­ти­те­ти. Или, ка­ко што ве­ли Со­ро­со­ва­та иде­о­ло­ги­ја, а исто­то ни го со­оп­шту­ва Нај­чев­ска, ние тре­ба да би­де­ме „зем­ја­ни“ и да се отка­же­ме комп­лет­но од на­ши­от иден­ти­тет во име­то на ед­но „отво­ре­но оп­штес­тво“.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top