| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ веќе не е македонска партија

Ал­бан­ска пла­тфор­ма? Став, ду­ри по ман­да­тот. Точ­ка! Ве­ро­јат­но, ол­ку ­гро­мог­ла­сен молк Ма­ке­до­ни­ја одам­на и не­ма слуш­на­то. По­ве­ро­јат­но ни­ко­гаш. Мо­же­те да го ви­ди­те и до­пре­те, бу­квал­но. Зна­е­те, ко­га не­кој не са­ка да ка­же што мис­ли, а од не­го, ед­но­став­но, зра­чи, бли­ка од­го­во­рот. Исти­от тој За­ев, кој ку­му­ва­ше на пла­тфор­ма­та, уште пред таа да би­де и зач­на­та, се­га еден ме­сец не­ма став за неа. Пра­ша­ње­то е - кум или, се­пак, ро­ди­тел? Од би­о­ло­шка глед­на точ­ка, СДСМ е мај­ка­та што го овоз­мо­жи не­пр­коп­са­но­то че­до, а Ка­са­ми е та­тко­то. Пот­по­мог­нат од Ра­ма и од дру­ги­те. Ка­ко мо­рал­на под­др­шка, не­ли. „Ча­до­рот“ са­мо го овоз­мо­жи ге­нет­ски­от, из­бо­рен и пла­тфор­мен ин­же­не­ринг. Мај­ка­та Зо­ран и та­тко­то Би­лал?! Зву­чи гр­до, но ви­сти­ни­то...

– Ако имаш не­ко­ја пла­тфор­ма,
не­што ал­бан­ско што те при­ти­ска и пе­че,
за­ко­пај го на екс Би­ха­ќка,
За­ев сам ќе си го ре­че.
Но са­мо ако ман­да­тот го зе­ме,
ако не, пак на две­те уши ќе си дре­ме…

Оваа па­ро­ди­ја на Шо­по­ва­та „Ти­ши­на“ со еден опи­сен и ва­жен до­пол­ни­те­лен ква­зи­стих, при­род­но се на­мет­ну­ва по ре­чи­си ед­но­ме­сеч­на­та па­то­ло­шка игра на СДСМ и неј­зи­ни­от ли­дер. Игра што, мно­гу ве­ро­јат­но, ќе за­вр­ши ка­ко „играч­ка-плач­ка“. Ус­лов за из­јас­ну­ва­ње­то на пар­ти­ја­та за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма бил и ќе оста­не до­би­ва­ње на ман­да­тот, по­јас­ни бе­страш­ни­от ли­дер на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та на 26 ја­ну­а­ри. Ар­но ама, што ако тој ни­ко­гаш не ста­не ман­да­тар? Што то­гаш? Да­ли СДСМ веч­но, „ко­му­ни­стич­ки – до гроб“ ќе го крие ста­вот за ма­кси­ма­ли­стич­ки­те глу­по­сти на три­те ал­бан­ски пар­тии, од кои ед­на­та и не е баш не­ко­ја пар­ти­ја. Да, „из­не­на­ду­ва­ње­то“ Бе­са по­ве­ќе ли­чи на не­ка­ков су­ро­гат-про­из­вод или со­ци­јал­де­мо­крат­ски нус-ефект на дејс­тву­ва­ње­то на За­ев и на ком­па­ни­ја кај ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки дејс­тва. Се­пак, да не го пре­це­ну­ва­ме мур­ти­не­цот, Бе­са се ин­фил­три­ра­ни, „на­веж­ба­ни“ и ин­стру­и­ра­ни од „ча­до­рот“. За­ев ни­ту е тол­ку мо­ќен, ни­ту е спо­со­бен. Уни­фи­ци­ра­ни, ка­ла­пе­ни Со­ро­со­ви че­да, иде­о­ло­шки ед­но­јај­че­ни со­ци­јал­де­мо­крат­ско-бе­сов­ски близ­на­ци. Ве­ро­јат­но, во нив е ид­ни­на­та – овие ма­ке­дон­ски и ал­бан­ски бор­ги да се спо­јат и са­мо­у­ни­штат пре­ку су­дир на це­ла­та таа не­ло­гич­на омра­за на­со­бра­на кај две­те иден­тич­но кре­и­ра­ни стра­ни. За до­бро­то на др­жа­ва­та и на си­те во неа, би­ле Ма­ке­дон­ци или Ал­бан­ци, Тур­ци, Ро­ми, Ср­би, Бош­ња­ци, Вла­си, Егип­ќа­ни итн. Ми­нус и ми­нус да­ва­ат плус, не­ли…

analiza231-2-zaev-kasami

Платформен инженеринг: Мајката Зоран и таткото Билал

Ве­ро­јат­но, по­гро­мог­ла­сен молк Ма­ке­до­ни­ја одам­на и не­ма слуш­на­то. По­ве­ро­јат­но, ни­ко­гаш. Мо­же­те да го ви­ди­те и до­пре­те, бу­квал­но. Не, не та­ка ка­ко што са­ми­от „бом­баш“ ре­че де­ка имал цр­ве­ни очи од прем­но­гу слу­ша­ње ту­ѓи раз­го­во­ри. Зна­е­те, ко­га не­кој не са­ка да ка­же што мис­ли, а од не­го, ед­но­став­но, зра­чи, бли­ка од­го­во­рот. Исти­от тој За­ев и СДСМ, кои ку­му­ваа на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, уште пред таа да би­де зач­на­та, се­га еден ме­сец бе­га­ат „ка­ко ѓа­вол од тем­јан“ и не­ма­ат став за неа. Проб­ле­мот е во тоа што ли­де­рот ни­ко­гаш и не зна­ел и не мо­жел да ја скрие сво­ја­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја, ко­ја по­сто­ја­но го из­да­ва. Ед­наш ве­ќе пра­шав­ме, па зар оче­ку­ва­те од ку­мот да ка­же де­ка кум­че­то не го би­ва? Те­шко. Уште по­ве­ро­јат­но, од би­о­ло­шка глед­на точ­ка, СДСМ, се­пак, е мај­ка­та што го овоз­мо­жи не­про­коп­са­но­то че­до, а Ка­са­ми та­тко­то. Пот­по­мог­нат од Ра­ма и од дру­ги­те. Ка­ко мо­рал­на под­др­шка, не­ли. „Ча­до­рот“ са­мо го овоз­мо­жил ге­нет­ски­от, из­бо­рен и пла­тфор­мен ин­же­не­ринг. Мај­ка­та Зо­ран и та­тко­то Би­лал?! Зву­чи гр­до, но ви­сти­ни­то. За по­тсе­ту­ва­ње, ток­му За­ев во кам­па­ња­та ве­ле­ше „Но­сам жи­вот!“ Си­те се ше­гу­ваа де­ка не мо­же да „но­си жи­вот“ и да би­де тру­ден за­тоа што е маж, а не е Швар­це­не­гер. Се­пак, ли­де­рот, за про­ме­на, не ла­жел. На­ви­сти­на но­сел не­што, ама не жи­вот. Еден ме­сец по из­бо­ри­те тоа не­што и се ро­ди. Де­вој­че. Име­то ѝ е Пла­тфор­ма, пре­зи­ме­то Ал­бан­ска…

Друг факт, кој не мо­жат да го ос­по­рат ни­ту со­ро­со­ид­ни­те СПФМ, е де­ка „ма­ке­дон­ска­та“ пар­ти­ја, ко­ја ќе оста­не за­па­ме­те­на ка­ко нај­ан­ти­на­ци­о­нал­на­та „на­пра­ви­ја“ во исто­ри­ја­та, ги соз­да­де си­те мож­ни ус­ло­ви за ра­ѓа­ње на пла­тфор­ма­та. Дво­ја­зич­но­ста и фе­де­рал­но­то уре­ду­ва­ње на Швај­ца­ри­ја, кое За­ев тол­ку го бен­ди­са во Берн, беа пре­крас­на поч­ва за „на­са­дот“ на Ка­са­ми, кој пот­по­мог­нат од Ха­шим и од Ра­ма ги на­бе­ди и Али и Се­ла. Вто­ри­от и та­ка си го има­ше по­треб­но­то во се­бе. Пр­ви­от, пак, сѐ уште во тра­ур од ре­зул­та­ти­те на 11 де­кем­ври, за прв­пат во сво­ја­та ка­ри­е­ра, би­ла ко­ман­дант­ска или по­ли­тич­ка, на­сед­на на ча­до­ро­ва­та игра. Или, пак, мо­же­би бе­ше ус­ло­вен со „бом­би­те“ на За­ев, кои тој та­ка не­пре­бро­ја­ни и без за­пис­ник ѝ ги пре­да­де на со­пар­тиј­ка­та Ја­не­ва. Ка­ко и да е, За­ев и Ра­да има­ат го­ле­ма „чест“, да би­дат ку­мо­ви (или ро­ди­те­ли?) на ед­на пла­тфор­ма, ко­ја ста­на и глав­на рам­па за до­го­вор ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ја соз­да­доа, таа сѐ уште не ни про­о­де­ла, а тие ве­ќе на­го­ле­мо ги ко­ри­стат бла­го­да­ти­те од неј­зи­на­та ег­зи­стен­ци­ја. Очиг­лед­но, на­деж­та на пот­пис­ни­ци­те, или, по­до­бро ка­жа­но, глав­ни­от пот­пис­ник Ка­са­ми, е де­ка пла­тфор­ма­та „ќе про­о­ди“ на два-три ме­се­ци. Бла­го­да­ре­ние на ку­мот или ро­ди­тел Зо­ран, се раз­би­ра. По­ве­ро­јат­но, иста­та таа пла­тфор­ма и ќе по­ле­та, а не про­о­ди, до­кол­ку СДСМ не­ко­гаш, ко­га и да е, го до­бие ман­да­тот.

 

Љамалари допре до срцевината на СДСМ

Мо­же­би е на­ци­о­на­лист и шо­ви­нист, се­ка­ко, не е на­и­вен, но ни­кој не мо­же да ка­же де­ка Му­са Ља­ма­ла­ри е лаж­го. Е, исти­от тој Му­са ка­жа ед­на го­ле­ма ви­сти­на. Ва­ско Ефтов ус­пеа да ја „иско­па“ од не­го ос­но­ва­та на кон­сти­ту­ци­ја­та на СДСМ. Ста­ри­от ли­сец Ља­ма­ла­ри го ка­жа тоа што мно­гу­ми­на го по­драз­би­раа и на­се­ту­ваа, но ни­ка­ко не мо­жеа да го со­ста­ват во две ре­че­ни­ци. 51-го­диш­ни­от скоп­ја­нец од „Ди­жон­ска“, кој пре­рас­на во ли­дер на ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, во си­лен тво­реч­ки не­мир нај­де збо­ро­ви за нај­кус опис на СДСМ.

– Јас се чу­дам ко­га ве­лат де­ка СДСМ е ма­ке­дон­ска по­ли­тич­ка пар­ти­ја. Таа, ка­ко да ка­жам, по­ра­но бе­ше Со­јуз на ко­му­ни­сти­те на Ју­гос­ла­ви­ја, па ста­на СДСМ. И то­гаш има­ше Ал­бан­ци во таа пар­ти­ја, тоа е иде­о­ло­шка пар­ти­ја – си ка­жа Ља­ма­ла­ри и по­го­ди „Во цен­тар.“

Да, овој кус опис до­пи­ра до ср­це­ви­на­та на па­ри­ска­та кон­сте­ла­ци­ја, ко­ја е сѐ са­мо не ма­ке­дон­ска. Се­га, за жал, ни­ту иде­о­ло­ги­ја­та не им е ма­ке­дон­ска, ту­ку Со­ро­со­ва. Уште потрагично е што зборовите на Љамалари ги потврди и самиот Заев. По средбата со претседателот Иванов пред целата јавност лидерот на опозицијата соопшти дека СДСМ не е веќе македонска партија,туку граѓанска партија!

Мо­же­би, по­ве­ден и од дру­ги мо­ти­ви, но БЦ, прет­ход­ни­от дол­го­ве­чен ли­дер на пар­ти­ја­та, ус­пе­ва­ше да ги др­жи во нор­ма­ла овие со­ро­со­ид­ни иде­о­ло­гии и че­ко­ри на СДСМ. Ин­ди­ка­тив­но или не, но по не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње со­ро­со­и­за­ци­ја­та на „Па­вел Ша­тев“ го до­жи­веа сво­е­то креш­чен­до. Ше­ќе­рин­ска и За­ев со две ра­це го гуш­наа по­ну­де­но­то од ун­га­ро-аме­ри­кан­ски­от, ми­ли­јар­дер из­ме­стен во умот, и без лу­бри­кан­ти про­гол­таа сѐ што мо­раа. Кои се но­ви­те на­че­ла на пар­ти­ја­та? Ги има во ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. Но кои се на­че­ла­та про­тив кои за­ста­наа СДСМ? На­ци­о­нал­но­то чув­ство, лич­натa са­мо­свест, кул­ту­ра­та и мен­та­ли­те­тот, се­мејс­тво­то, др­жа­ва­та, Уста­вот, за­ко­ни­те… А што по­са­ку­ва­ат најм­но­гу, го ко­ри­стат и го ко­ри­стеа во ми­на­то­то? Ин­тер­вен­ци­и­те на ме­ѓу­на­род­на­та „за­ед­ни­ца“. Збо­ру­ва­ме за ед­но це­лос­но обез­ли­чу­ва­ње на на­ци­ја­та и на др­жа­ва­та, спро­ве­де­но спо­ред жел­ба­та на нив­ни­от вр­хо­вен иде­о­лог и фи­нан­си­ер. Исти­от тој Со­рос ги мра­зи це­лос­но исти­те на­че­ла, кои се­га ги мра­зи и СДСМ, исти­от тој „фи­лан­троп“, ко­го го мра­зат и во род­на­та Ун­га­ри­ја, ве­ли де­ка на­ци­о­нал­ни­от су­ве­ре­ни­те мо­ра да би­де под­ло­жен на над­на­ци­о­нал­ни ор­га­ни­за­ции?! Прем­но­гу слич­но­сти за да се би­де слу­чај­но.

analiza231-3

Будење, ама задоцнето и болно

Но­ви­те мо­мен­ти во дејс­тву­ва­ње­то на За­ев, кои, ре­ал­но, и не се тол­ку но­ви, им „по­мог­наа“ на мно­гу Ма­ке­дон­ци да из­ле­зат од ја­то­то на ин­стру­и­ра­ни­те Ма­ке­дон­чи­ња. Ве­ро­јат­но, мно­гу­ми­на од нив не мо­жеа да ве­ру­ва­ат де­ка не­кој мо­же да пад­не тол­ку ни­ско, па не ве­ру­ваа ни де­ка За­ев го пра­ви се­то тоа што го пра­ве­ше ми­на­ти­те ме­се­ци. Дел, си­гур­но, им по­ве­ру­ваа и на „про­фе­си­о­нал­ни­те“ но­ви­на­ри, кои, де­фи­ни­тив­но, се про­фе­си­о­нал­ни, ама из­вр­ту­ва­чи на ви­сти­на­та. Е се­га, го­лем дел од ра­ја­та што не им ве­ру­ва­ше на „ку­ри­ри­те“ до­жи­веа сил­но откро­ве­ние. За­мис­ле­те, „ку­ри­ри­те“ не ла­же­ле и За­ев, на­ви­сти­на, го пра­вел и збо­ру­вал се­то тоа што са­ми­те во пре­диз­бо­ри­е­то имаа шан­са да го чу­јат лич­но од не­го­ва уста?! Кол­ку не­кој тре­ба­ше да би­де за­ла­жан и за­ве­ден за да не ве­ру­ва во тоа што го слуш­на лич­но од не­го? Се­га им „тек­на“ де­ка ра­бо­та­та за­бе­га­ла, па на со­ци­јал­ни­те мре­жи врие од ста­ту­си во кои се до­об­јас­ну­ва­ат де­ка не са­ка­ле да жи­ве­ат во та­ква и та­ква др­жа­ва. Исто ка­ко и што цел­та на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ не бе­ше вдо­му­ва­ње на двај­ца ни­ка­кве­ци во пар­ла­мен­тот?

До­бар ден, че­да Бож­ји, до­бар ден. Бу­де­ње­то мо­ра да би­ло бол­но. До­бре дој­де­те во клу­бот на Ма­ке­дон­ци­те, кои це­ла исто­ри­ја се гу­бит­ни­ци по­ра­ди нив­ни­те „за­ла­жа­ни“ и „пре­ла­жа­ни“ бра­ќа и се­стри. Ба­рем след­ни­от пат, ко­га и да е, раз­мис­ле­те и соџ­ва­кај­те, не гол­тај­те ту­ку­та­ка. Ќе ви би­де­ме бла­го­дар­ни што, за про­ме­на, ви­ли­ца­та сте ја упо­тре­би­ле и за не­што дру­го, ко­рис­но. Ах, да, се­га има­те та­ста­ту­ри. Ар­но ама, тие не џва­ка­ат…

 

Даштевски: Заев манипулира со лбанците

Aleksandar-Dastevski-200Сме­там де­ка За­ев по­сто­ја­но ма­ни­пу­ли­ра со гра­ѓа­ни­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а осо­бе­но со на­ши­те со­гра­ѓа­ни од ал­бан­ско по­тек­ло, ве­ли уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Але­ксан­дар Да­штев­ски, спо­ред кој ли­де­рот на СДСМ тоа го пра­ви со по­мош и со со­ве­ти на оста­то­кот од ча­до­рот.

Даштевски: Отка­ко ча­до­рот се рас­ту­ри, а во Евро­па и во САД се пра­ват дру­ги ге­о­по­ли­тич­ки пла­но­ви, кои се це­лос­но раз­лич­ни од тие во пос­лед­ни­те го­ди­ни, тој са­ка на­бр­зи­на да ја иско­ри­сти си­ту­а­ци­ја­та.

По­ра­ди тоа сме­там де­ка и на по­не­дел­нич­ка­та прес-кон­фе­рен­ци­ја тој се оби­де да ма­ни­пу­ли­ра со јав­но­ста. Тоа го пра­ви за­тоа што, нај­ве­ро­јат­но, сѐ уште не­ма обез­бе­де­но мно­зинс­тво во пар­ла­мен­тот. По­ра­ди тоа упа­ти за­ка­ну­вач­ки то­но­ви кон пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та, иа­ко мно­гу му е јас­но де­ка во чле­нот 90 од Уста­вот не пи­шу­ва де­ка ман­да­тот тре­ба да би­де да­ден на вто­ра­та пар­ти­ја по број на осво­е­ни гла­со­ви.Ма­ни­пу­ла­ци­ја­та про­из­ле­гу­ва и од та­му што тој не се из­јас­ни за пла­тфор­ма­та на че­ти­ри­те ал­бан­ски пар­тии. Тоа мо­же да се тол­ку­ва ка­ко при­ти­сок за до­би­ва­ње на ман­да­тот за да ве­ти сѐ од пла­тфор­ма­та, а отка­ко ќе за­вр­ши ра­бо­та­та да го об­ви­ни ВМРО-ДПМНЕ де­ка не се сог­ла­си­ле на тие ус­ло­ви.

Тоа што најм­но­гу из­не­на­ди на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та е де­ка тој се за­ла­гал за не­ка­ков гра­ѓан­ски кон­цепт. Не знам да­ли му е јас­но што зна­чи тоа и да­ли не­го­ви­те струч­ња­ци му го об­јас­ни­ле до крај. Во уста­вот це­лос­но е спро­ве­ден гра­ѓан­ски­от кон­цепт, што зна­чи по­чи­ту­ва­ње на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди.

По­крај тоа, во ма­ке­дон­ски­от Устав пре­ку аманд­ма­ни­те спо­ред Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор се спро­ве­де­ни и ко­ле­ктив­ни­те пра­ва. Тоа се пра­ва што им при­па­ѓа­ат на мал­цин­ски­те за­ед­ни­ци во др­жа­ва­та и ре­тко ка­де се вне­се­ни во Уста­вот. Што се од­не­су­ва до ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца, таа има до­би­е­но по­го­ле­ми пра­ва од дру­ги­те за­ед­ни­ци ка­ко нај­го­ле­мо мал­цинс­тво во РМ. Гра­ѓан­ски­от кон­цепт е при­фа­тен ре­чи­си во си­те европ­ски др­жа­ви, осо­бе­но во зем­ји­те што се член­ки на Со­ве­тот на Евро­па, во кои спа­ѓа и РМ. За­тоа сме­там де­ка таа прес-кон­фе­рен­ци­ја тре­ба да се сфа­ти ка­ко се­ри­оз­на и тре­ба да по­че­ка­ме на ко­неч­ни­от ре­зул­тат за фор­ми­ра­ње Вла­да.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 231. број на неделникот „Република“, 3.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top