| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо се врати во Барселона, но ќе има поинаква улога

ronaldinho

Легендарниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Роналдињо, повторно се врати на „Камп Ноу“, но овој пат во сосема друга улога.

Имено, како што соопшти клубот, Бразилецот ќе биде амбасадор на Барса и ќе се потруди да помогне во бројните проекти, кои се поврзани со промовирањето на каталонскиот клуб како бренд ширум светот.

Утре, со почеток од 17.30 часот Роналдињо ќе биде претставен на официјална прес-конференција, на која повторно по пауза од девет години како член на Барса ќе може да им се обрати на јавноста и на фановите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top