Светската бизнис и политичка елита, на чело со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, традиционално го одбележа најеминентниот глобален собир – 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон.
Годинава, меѓу одбраното друштво од над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени, во својство на претставници на Република Македонијасе вброија и основачот на фондацијата „Борис Трајковски“ и НВО активист, г-ѓа Вилма Трајковска и Извршниот директор на Фондацијата, г. Роберт Милчев, Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов со сопругата Емилија, Извршниот директор на „Триглав осигурување“, г. Ѓорѓе Војновиќ со сопругата Маја, Вицегувернер на Народната Банка на Македонија, како и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“.
Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржа во хотелот „Вашингтон Хилтон“.
Покрај главниот збор, кој по традиција за време на овој настан го има Американскиот Претседател, во рамки на активностите поврзани со 65-тиот Молитвен појадок, впечатливо обраќање имаа и американскиот Сенатор од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.