Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ситуацијата во Донбас се влошува, бидејќи Киев има потреба од пари, па со тоа се обидува да се прикаже како жртва во очите на Европска унија.
– Причина број еден е тоа што на украинското раководство сега му се потребни пари, а најдобар начин да дојде до нив е да ги извлече од ЕУ или од европските земји одделно, од САД или од меѓународните финансиски институции, претставувајќи се себе си како жртва на агресија, посочи Путин.
Тој, по средбата во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведе дека украинските власти се обидуваат да се изборат со опозицијата со свртување на вниманието на влошувањето на ситуацијата во Донбас. Орбан, од своја страна, потенцира дека Унгарија сака стабилна Украина и дека е цврсто определена за безусловна примена на Договорот од Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)