Репрезентативецот на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг ќе биде еден од најбараните играчи во летниот преоден рок со тоа што барем засега најмногу шанси за неговот потпис му се дава на Реал Мадрид, тим кој е голема желба на напаѓачот.
Борусија Дортмунд сигурно дека добро ќе го наплати трансферот на Обамејанг, но барем засега „милионерите“ се мирни околку ова прашање со тоа што мораа да ја седнат на маса својата прва ѕвезда по последните негови коментари.
На „жолто-црните“ им засметаа изјавите на африканецот за трансферот на лето, па одржаа состанок на кој јасно му ги кажаа своите ставови.
– Имавме состанок со Обамејанг и го посоветувавме да дава помалку интервјуа за неговите планови за на лето и повеќе да се фокусира на трката за квалификации за ЛШ. Имаме одличен однос со него, но моравме да направиме нешто за да го покажеме нашиот фокус на спортскиот аспект на играта – посочи спортскиот директор Михаел Цорк.
Габонецот во оваа сезонва има дадено 16 погодоци во Бундеслигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ
-
„Читајќи го Балканот“: Разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина
-
Грчки владин претставник: Неизвесен е телефонскиот разговор Заев – Ципрас
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)