СВР Скопје поднесе кривична пријава за 24-годишната скопјанка Д.И. за запуштање и малтретирање малолетно лице.
Пријавената на 5 септември во периодот од 10.00 до 10.45 часот во својот дом без надзор и грижа ја оставила својата петгодишна ќерка. Откако излегла, девојчето станало од креветот и отишло на терасата каде што поставило столче до оградата и се поткачило за да види дали ќе помине нејзината мајка. Кога се поткачила на столчето изгубила рамнотежа, се превртела и паднала од седмиот кат на земјена подлога веднаш до зградата, при што се здобила со тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.