Чувството на апатија и заборавеност одвреме-навреме не е ништо неочекувано во денешно време. Но, за некои луѓе може да претставува ран знак на недостаток на тиамин (познат и како витамин Б1, кој на долг рок може да предизвика многу последици, меѓу кои и зголемен ризик од заболување од Алцхајмерова болест.
Постои лошо чувство кога ќе се спомене оваа болест бидејќи е поврзана со староста и заборавеноста, но од неа не страдаат само старите луѓе. Иако таа е поврзана со гените, сепак различни одлуки во начинот на живеење и начинот на исхрана може да имаат големо влијание. Обезбедувањето дека вашата исхрана е богата со витамин Б1 е првиот чекор, односно првата најважна одлука.
Но, како е поврзан овој витамин со нашиот мозок? На мозокот му е потребен тиамин (Б1) за да ја искористи глукозата како енергија и без соодветен тиамин умираат мозочните клетки. На мозокот му е потребен овој витамин за да создава ацетилхолин – главен невротрансмитер, чиј дефицит предизвикува појава на оваа болест. Нивоата на тиамин се особено мали кај пациентите кои страдаат од Алцхајмер и затоа редовното земање на витамин Б1 може да ги намали симптомите. Едноставно речено – на здравиот мозок му е потребен Б1.
Како можете да бидете сигурни дека земате доволно од овој витамин?
Витаминот Б1 може да се најде во житарките и лебот, особено во целозрнестите житарки, свинското месо, грашокот и гравот, млекото, јајцата, бадемите и лососот.
Недостатокот на овој витамин најчесто се јавува кај постарите лица, а особено и кај оние кои ги избегнуваат житарките поради глутенската интолеранција. Исто така, кога станува збор за свинското месо, овој витамин многу малку доаѓа до нашето тело кога конзумираме свинско месо кое е пржено или преработено.
Земањето на додатоци во исхраната кои содржат витамин Б1 е добра идеја, но треба да се потенцира дека за разлика од другите витамини, овој витамин многу слабо се апсорбира во нашето тело ако се зема како суплемент. Затоа, нутриционистите и докторите препорачуваат целокупна здрава исхрана во која витаминот Б1 ќе заземе значаен дел како и останатите витамини и минерали кои го намалуваат ризикот од различни заболувања, особено оние кои се поврзани со мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.