| четврток, 6 декември 2018 |

Витамин неопходен на пенисот

Ниското ниво на одредени витамини може да предизвика ерективни проблеми и со тоа значително да влијае врз вашиот сексуален живот. Неодамнешно истражување објавено во Италија, покажува дека недостатокот на витаминод Д, кој организмот го добива преку сончевата светлина, води кон зголемен ризик од ерективна дисфункција.

Во тестот учествувале 143 мажи со различен степен и облик на еректилна дисфункција. Скопро половина од испитаниците имале намалено ниво на витаминот Д. Само петмина од испитаниците имале оптимално количество на овој витамин во организмот.

Мажите со најтежок облик на еректилна дисфункција во просек имале 24 отсто помало ниво на овој витамин од мажите со средно ниво на еректилна дисфункција. Недоволната количина на витаминот Д го поттикнува производството на слободни радикали, т.н. супероксид јони. Тие слободни радикали ги намалуваат молекулите на азот моноксид, кои пак им помагаат на крвните садови правилно да функционираат. Резпултатот е проблеми со постигнувањето на ерекција.

Азот моноксидот им помага на крвните садови да се опуштат, што го зголемува протокот на крв низ целото тело, а со тоа и во гениталиите.

Доколку сте забележале проблеми со вашата ерекција, посетете го својот уролог и проверете го нивото на витаминот Д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top