| четврток, 6 декември 2018 |

„T2 Треинспотинг“ ќе го отвори Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“

Од 16 до 19 февруари во Скопје и во уште пет градови во регионот (Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана) ќе се одржува меѓународниот фестивал на британски филм – PlayUK.

Фестивалот го организира Британскиот совет. PlayUK ќе се отвори со „T2 Треинспотинг“, а за четири дена публиката ќе може да проследи десет премиери.

Прикажани ќе бидат најдобрите современи британски играни и документарни филмови.

Фестивалот во Скопје се одржува во соработка со Младинскиот културен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top