Пред два дена во дербито на 23. коло од Премиер лигата англиските гиганти Ливерпул и Челзи одиграа без победник (1-1), а главна фигура на овој меч е голманот на „црвените“, Симон Мињоле. Белгиецот беше директен виновник за погодокот на Давид Луиз од слободен удар, а легендата Стивен Џерард упати остри критики на негова сметка, велејќи дека Мињоле не заслужува да биде во првиот состав на Ливерпул.
– После овој меч тој сигурно менаџерот ќе биде во дилема дали ќе брани на следниот натпревар. Секогаш мора на око да го има изведувачот на слободниот удар, тоа е непишано голманско правило. Судијата даде знак да се изведе ударот, а тој се концентрира во нешто што не треба ни да помисли – вели Џерард.
Сепак, Мињоле на еден начин беше и спасителот на Ливерпул, бидејќи во финишот од мечот успеа да го одбрани пеналот на Диего Коста, кој скоро сигурно ќе значеше пораз на неговиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.