Туран Чолак е 40-годишен Турчин кој го живее својот втор живот. Во несреќа кога имал 3,5 години лицето целосно му било изгорено. Оттогаш повеќе од три децении живеел повлечен во себе, срамејќи се од околината. Но, надежта му се вратила кога дознал дека можел да добие ново лице. Тој е четвртиот пациент во Турција на кого му е направена ваква трансплантација од починат донатор. Операцијата e извршена пред пет години на Универзитетската клиника во Анталија и траела девет часа. Лекарот Фатих Мутлу кој бил дел од тимот вели дека овие хируршки зафати се многу тешки и комплицирани, бидејќи често се случувало да не биде прифатено пресаденото ткиво. Но , интервенцијата кај Туран Чолак била успешна.
– Сите се плашеа од мене. Животот ми беше многу тежок. Бев повлечен, ми беше срам да излегувам од дома. Не можам да поверувам, многу сум среќен, ова е нацистина чудо – изјави Туран Чолак по трансплантацијата.
Тој добил лице од 19- годишно момче кое имало мозочна смрт. Решил да го посети семејството на починатиот донор и да се заблагодари на неговите родители за хуманоста .
– Тоа е лицето на мојот починат син, исто како да го допирам него – изјави мајката на донаторот.
По трансплантацијата, Чолак кој е од турскиот град Измир си нашол и животна сопатничка. А љубовта ја крунисале со свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.