Уште во текот на оваа вечер низ дел од котлините, пред се на југот на Пелагонија е формирана магла. Таквиот тренд на локална појава на котлинска магла ќе продолжи и во четврток наутро.
Утрото освен магловито по колините, ќе биде и малку студено, со минимална температура која генерално ќе има вредности помеѓу -6°С и -2°С.
Во текот на денот од запад ќе има приближување на облачна маса, оја веќе попладне ќе го прекрие поголемиот дел од Македонското небо.
Температурата ќе достигне вредности помеѓу 5°С и 7°С во поголем дел од котлините, додека на југоисток истата за 1°С до 2°С ќе ја надмине „границата“ од 10°С.
Скопскиот крај наутро го очекува појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено, а попладне претежно облачно. Дневното температурано колебање ќе биде од минимални -5°С фо максимални 6°С.
извор метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.