| четврток, 6 декември 2018 |

Прободено момче кај Универзитетска библиотека

mvrГрупа од околу 15 млади лица од албанска националност, нападнала 5 момчиња од Битуше, Делчево и Пехчево во Скопје. Во нападот кој се случил вечерва, околу 19 часот кај Универзитетската библиотека 21 годишниот А.В од Делчево бил прободен со нож во грбот. Повреденото момче во обид да избега се движело кон Музејот на ВМРО,  каде се онесвестило. Било забележано од полициски службеници кои го префрлиле во градската општа болница, каде во моментов се изведува хируршка интервенција.

Биле нападнати и Ф.Б (1983) од село Битуше, Ј.А. (1987), Р.К (1988) и Р.Д., сите тројца од Пехчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top