Немојте да мислите дека Македонците што престојуваат и работат во Дубаи се занимаваат само со сезонска работа. Има и такви што се покажуваат како големи иноватори и бизнисмени, пишува порталот „Вработување“.
Тој се вика Виктор Нелепа и е партнер со шеикот Кади Саед Алмурошид (Qadhi Saeed Almurooshid) од Дубаи. Македонец е и има тим составен од Македонци, Срби и други странци. Во Дубаи е веќе 14 години и не само што одлично се снаоѓа, туку изумите на неговата компанијата The Idea во последните две години им станаа неопходни на туристите и на жителите во Дубаи. Се викаат „Паметни палми“
„Паметните палми“ кои се иновација на компанијата The Idea, а производ на нејзиниот стартап Smart Palm, на илјадници туристи кои престојуваат во Дубаи им нудат разладување, интернет и полнење на нивните смартфони. Во Обединетите Арапски Емирати веќе на секој чекор никнуваат вакви палми . Тие функционираат благодарение на сончевите колектори кои преку ден собираат сончева енергија за потоа да ја искористат за потребите на своето функционирање. Покрај споменатите функции, овие палми овозможуваат и уредување на јавните простори, но и како туристички инфо-пултови кои ќе им ги обезбедат сите потребни информации на странците. Покрај тоа, секоја палма има сигурносна камера која им оди во корист на локалните власти.
Првата палма беше инсталирана во април 2015 година во Забел паркот во Дубаи. Палмите се високи 6,5 метри, а нивниот накривен облик симболизира издржливост. Тие имаат фотонапонски панели со површина од 13,8 метри квадратни кои обезбедуваат собирање на сончевата енергија. Паметните дрвја обезбедуваат и бесплатен интернет во радиус од околу 100 метри и имаат 8 приклучоци за полнење на телефоните. Дополнително, тие се опремени и со камери кои на посетителите им овозможуваат да си направат фотографија со ова футуристичко дрво. Екраните на допир се инфо-панели со чија помош туристите добиваат информации во врска со времето, јавниот превоз, улиците, вести и други известувања.
-Нашата страст и цел се големите идеи, изведени на најубав начин и како такви привлечни за публиката независно од платформата, уредот или местото на кое се случуваат и се поставени. Иако сме познати по нашата креативна експертиза, ние сме исто толку инвентивни со нашите решенија и се гордееме со нашата беспрекорна услуга кон клиентите – вели Нелепа.
Ново од компанијата во јануари годинава се „смарт кабините“ за пресоблекување, кои веќе се поставуваат. Функционираат на истиот принцип. Имаат сончеви колектори кои ги „полнат“, па така тие обезбедуваат „струја“ за полнење на телефони, но и светло во кабината и надвор од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Голема скандал го тресе Дубаи: Принцеза побегнала од својот татко!
-
Камионот цел ден го ваделе од насипот, штета над 200 илјади евра: Фотографии од сообраќајката во која Македонец излета од пат во Германија