| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ги заврши консултациите со Беса и со Алијансата за Албанците

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците, како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада.

Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите. Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

ivanov sela

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.

Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по негобвите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

ivanov besa aa 2

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top