
Двајца Срби во потрагата по подобар живот заминале во странство, а загинале на ист начин.
Станиша Пуриќ (23) од Бањата Ковиљача настрадал на 28 јануари во Русија, кога на неговиот камион, додека стоел покрај патот, налетал камион ладилник на руски превозник, кој претекнувал друго возило и го усмртил на лице место.

Несреќното момче отишло да работи во Русија на 15 јануари и ова била прва негова самостојна тура со камион. Претходно неколку пати со колега ја поминувал делницата, како би го запознал теренот, а отишол таму да заработи пари.

-Несреќата се случила на околу 160 километри од Москва, на магистралниот пат во близина на Самара. Станиша стоел паркиран покрај патот, чекајќи да помине возилото кое го чистело снегот од коловозот. Сообраќајот се изведувал наизменично, но во еден момент возачот на камионот ладилник од спротивниот правец почнал да претекнува и налетал на возило од спротивната насока. При ударот, приколицата се забила и со задниот дел удрила во камионот во кој седел нашиот Станиша. Како што сме известени, кабината е смачкана, а Станиша починал на лице место – раскажал неговиот чичко Зоран.
Иста несреќна судбина имал и 24 годиниот Живко Лакиќ кој загинал на 13 јануари во сообраќајната несреќа која се случила на автопатот кај градот Силвер Спринг Тауншип во американската држава Илиносис.
Лакиќ излегол од камионот, а на него налетало друго товарно возило, при што Живко починал на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


