Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на една ромска свадба заработила 100. 000 евра. Според блиски извори нејзиниот настап чинел 50.000 евра, но на свадбата која е одржана во Рим таа како бакшиш заработила уште 50.000 евра, пишува српскиот неделник „Ало“.
По пристигнувањето во Рим на Цеца и било обезбедено сместување, луксузни возила и обезбедување. Иако добро заработила, Цеца сепак не сакала да се знае дека пеела на таа свадба и од луѓето кои ја ангажирале барала целосна дискреција.
Меѓутоа многумина ја сликаа за време на настапот, така да не е ништо чудно тие фотографии да се појават на интернет, изјавил близок извор на фолк дивата.
-За тоа како се чувствувала после настапот, дали е задоволна од третманот и заработката, и зошто одлучила да настапи на оваа веселба, не дознавме од Цеца која не се јавуваше на телефон ниту пак одговараше на пораките, пишува српски „Ало“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.