Ливерпул спаси бод против Челси на домашен терен, откако во второто полувреме израмни и до последната минута се бореше за победа против лидерот во Премиер лигата. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потенцираше дека се чувствува горд кога ќе се наврати на натпреварот синоќа.
– Горд сум на играчите кои одиграа добро против навистина силен тим како Челси. Мојот тим добро си ја заврши работата и ова е важен сигнал за нашите играчи. Ливерпул и натаму е во борбата за врвот. Губевме натпревари, не игравме добро, но ќе се бориме за секој бод до крајот на сезоната. За нас има уште многу цели до крајот на Премиер лигата – смета Германецот.
Поразот од Свонси и ремито со Челси се голем чекор назад за „црвените“ кои во меѓувреме испаднаа од ФА Купот и англискиот Лига Куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.